x

iPhone XS и XS Max корисниците имаат проблеми со дисплејот!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 14 Март, 2019 од GSM.mk

Изгледа дека плаќањето голема сума пари не значи дека ќе добиете целосно ефективен и функционален смартфон..

Имено, на официјалната страна на Apple голем дел од iPhone XS и XS Max кориснциите започнаа да се жалат од своите уреди. Откако еден од моделите не е користен 10 секунди или повеќе, анимациите на екранот почнуваат да кочат. Истиот проблем се случува доколку корисниците пробаат да исклучат одредена апликација. Вакви проблеми прв пат се појавија во октомври, само неколку недели откако беа претставени уредите, но бројот на жалби беше значително помал од сега.

Компанијата е свесна за проблемот, но сеуште не ја знае причината позади него. За среќа, Apple овозможи дел од овие корисници да ги променат своите нефункционални уреди, барем додека не го реши проблемот целосно.


Една од можните причини позади проблемот е дека A12 Bionic се исклучува во периодот кога телефонот не е активен, а потоа не може да успешно да реагира на допирот на својот корисник.

Дали и вие сте забележале проблем со вашиот смартфон?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.