x

iPhone XS и XS Max се подобри отколку што очекувавте

Категорија: Занимливости Објавено на 11 Октомври, 2018 од GSM.mk

Двата нови модели на Apple кријат две претходно ненајавени подобрувања кои не само што ги прават овие смартфони подобри, туку и се добри за вашето здравје.

Тајванскиот универзитет „Цинг Хуа“ правеше тестирање на новите модели на iPhone кои требаше да откријат колку се всушност штетни овие смартфони. Резултатите кои ги добија беа сосем неочекувани.

Универзитетските истражувачи открија дека новите OLED екрани се подобри за вашите очи кога ќе се споредат со другите телефони или пак со постарите модели. Тие успеаја ова научно да го докажат преку тестирања и примери.

Екранот на XS Max ви дозволува 20% повеќе време на изложување на вашето око на зрачењето од екранот. Тоа значи дека неговиот екран ви дозволува да поминете подолго време гледајќи во него без да ја оштетите ретината. Исто така, екраните на двата модели се далеку помали емитувачи на сина светлина, што пак предизвикува лачење помала количина на мелатонин (хормон кој доколку се лачи во преголеми количини може да го оштети вашиот вид).

Во друго, независно истражување спроведено од веб-страницата AnandTech беше откриено дека A12 Bionic процесорот кој го користат iPhone XS и XS Max е 15% подобар од постариот A11 Bionic процесор, кој го користеа моделите iPhone 8, 8 Plus и X. Новиот процесор е 40% побрзо од неговиот претходник и тоа го става во иста класа со процесорите на некои од помоќните компјутери на пазарот.

„Маркетинг одделот на Apple навистина решил да ги скрие квалитетите на новите модели. Новите телефони на Apple покажуваат двојно подобри перформанси од било кој Android телефон на пазарот“, пишува AnandTech.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.