x

iPhone Xs ќе биде поевтин од неговиот претходник!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 23 Март, 2018 од GSM.mk

Додека почетната цена на iPhone X е над 1000 долари, аналитичарите најавуваат значително пониска цена за неговиот следбеник...

Благодарение на 5.8 инчниот OLED панел од Samsung, TrueDepth камерата, која ги овозможува Face ID и Animoji функциите, производството на iPhone X чини околу 400 долари. Сите делови кои се наоѓаат во внатрешноста на уредот се поскапи од деловите кои вообичаено се наоѓаат во смартфоните на Apple, поради што неговата почетна цена е над 1000 долари. 

Но, новата верзија на OLED уредите кои ги спрема Apple ќе биде многу поевтина од минатогодишните модели. Досега, знаеме дека еден од уредите ќе доаѓа со 5.8 инчен OLED панел произведен од Samsung, друг со 6.1 инчен LCD дисплеј и последниот со 6.45 инчен OLED панел, произведен од LG. 

Според аналитичарите, следбеникот на iPhone X, оној со 5.8 инчниот панел, ќе доаѓа со пониска цена од неговиот претходник и најверојатно најниска од сите три уреди кои компанијата ќе ги претстави. Доколку информациите се точни, ќе има слична почетна цена со  iPhone 9 моделот, кој аналитичарот Ming-Chi Kuo смета дека ќе чини околу 700-800 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.