x

Истражување: Кои корисници најмногу иритираат на Facebook?

Категорија: Занимливости Објавено на 12 Август, 2017 од GSM.mk

Ако сте корисник на Facebook тогаш сигурно меѓу листата на пријатели имате по некој што искрено ве нервира. Едно неодамнешно истражување од Британија покажува дека најмногу иритираат паровите кои јавно изнесуваат детали за својата врска...

Од испитаниците, 26 проценти изјавиле дека им е мачно да ги гледаат „лигавењата“ на паровите на Facebook.

„Тоа е толку непотребно, бидејќи паровите можат да си пратат приватни пораки, или да го кажат она што си го мислат еден на друг додека се заедно“ - вели една учесничка во истражувањето.

Следни на листата иритантни корисници се љубителите на животните кои постојано споделуваат нешто за своите миленичиња или пак фитнес фанатиците што постојано се фалат или објавуваат податоци за своите подвизи.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.