x

Измерете колку време поминувате на социјалните мрежи со оваа апликација!

Категорија: Совети Објавено на 29 Јули, 2018 од GSM.mk

Дали можеби поминувате премногу време седејќи и скролајќи по социјалните мрежи? Голема е веројатноста дека не ни забележувате дека го правите тоа. Оваа апликација го мери времето поминато на различните социјални мрежи и може да ви помогне да го контролират

Наместо да ги избришете Facebook, Twitter, Instagram апликациите, или пак целосно да престанете да ги користите, може да најдете некој компромис кој ќе ви овозможи да контролирате колку време дневно посветувате на социјалните мрежи, а колку на реалноста.

Тука стапува на сцена апликацијата Pyxsee. Оваа апликација мери колку време поминувате на социјални мрежи во текот на денот.

Откако ќе ја инсталирате апликацијата, ќе може да пристапите до социјалните мрежи преку неа, а таа за тоа време ќе ви кажува колку време сте поминале на Facebook, Twitter, Instagram и слично.

Покрај тоа, ќе ја имате и опцијата да ставите тајмер кој ќе ве извести кога ќе го надминете предвиденото време за активности на социјални мрежи. Секако, самите ќе го наместите тајмерот, во согласност со вашите дневни активности.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.