x

Јапонци измислија маска која преведува на осум јазици

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 06 Август, 2020 од GSM.mk

Јапонската стартап компанија Donut Robotics измисли паметна маска за време на пандемијата на коронавирус, која помага во комуникација и при физичко дистанцирање.

Паметната маска C-Face може во комбинација со апликација да препише диктат, да ја зголеми јачината на гласот на корисникот и да преведе говор на осум различни јазици.

Маската има отвори на предната страна, па затоа не штити од COVID-19, и треба да се носи преку стандардна заштитна маска. Таа е направена од пластика и силикон и има вграден микрофон, кој преку блутут може да се поврзе со смартфон.

C-Face нуди можност за превод од јапонски на осум јазици: кинески, корејски, виетнамски, индонезиски, англиски, шпански, француски, и обратно.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.