x

Jump е Netflix за игри!

Категорија: Занимливости Објавено на 13 Јули, 2017 од GSM.mk

На веселото и ведро гејминг небо, се појави нова гејм стриминг платформа наречена Jump, која овозможува неограничено играње на сите indie наслови за 10 долари месечно.

Во моментов, Jump поседува „игротека” од 60 наслови кои можете да ги заиграте, а секој месец ќе се појавуваат 10 нови игри за десктоп компјутери и VR платформи.

Jump користи веб технологија која ги лансира игрите директно од платформата, што значи дека на својот компјутер ќе инсталирате и стартувате само минимални датотеки, а целата игра ќе се врти на компјутери во облак, што ќе ви овозможи да играте игри на PC кое според денешните геминг критериуми е крш.

По стариот добар обичај, сервисот моментално не е достапен кај нас, што значи ќе треба да почекаме некое време додека с еприближи кон нашите краишта, но се надеваме дека нема да чекаме долго.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.