x

Каде можете да го купите најевтиниот iPad Air во Македонија?

Категорија: Рецензии // Таблети Објавено на 13 Декември, 2013 од GSM.mk

Бидејќи се наближува Нова Година, а со тоа и подароците, решивме да направиме едно мало истражување и да ви помогнеме во вашата потрага по најдобрите технолошки уреди, нормално по најдобри и најпристапни цени...

Без разлика колку пребарувавме, споредувавме и се мислевме, само едно име излегуваше на врвот - продавницата за мобилни телефони Ледиком. На пример, сакавме да тестираме HTC One Max (ѕвер од телефон), го најдовме за 519 евра во Ледиком. Потоа, сакавме да дознаеме што е толку добро околу камерата на Nokia Lumia 1020 - повторно Ледиком ни го отстапија телефонот, но освен тоа дознавме и дека го продаваат по најниската цена во Македонија од 519 евра.

Сега тргнавме во малку поинаква мисија, фокусирајќи се на таблетите. Нормално, кога станува збор за таблети, само еден е толку добар за да предизвика редици на нестрпливи купувачи кои се спремни да го имаат - iPad Air!

Веројатно сите повеќе или помалку знаете за каков таблет станува збор. iPad 4 поседуваше одличен екран, но веројатно беше малку гломазен за користење, па така iPad Air се води според мотото „Како може нешто да остане исто, а да биде покомпактно?“. Со намалување на границите од левата и десната страна на екранот, iPad Air е навистина лесен и практичен таблет за користење, и покрај огромниот Retina екран од 10 инчи.

Нашата потрага по најниската цена за овој таблет повторно не доведе до Ледиком, каде што чини само 449 евра! Дечките беа доволно фини за да ни го отстапат на кратко тестирање, а она што веднаш го забележавме е дека новото име (Air) му прилега...навистина изгледа и го чуствувате како сосема нов и различен таблет од iPad 4.

Второто нешто кое ќе го забележите е значителното подобрување на брзината на работа во однос на претходните модели. Мора да напоменеме, претходните модели се моќни и одлични за работа, но iPad Air е во сосема друга категорија. Како и со останатите производи на Apple, чуството кое го добивате додека работите не се опишува - тоа го знае секој што „чепкал“ iPhone, iPad или iPod Touch. :)

Ни се допаѓа и целокупната имплементација на iOS 7 - се гледа дека овој оперативен систем е правен специјално за iPad Air и iPhone 5s. Разиграноста и оптимизираноста на оперативниот систем посебно доаѓа до израз тука, па кога ќе го искомбинираме тоа со неверојатниот екран, брзите перформанси и одличната камера...скоро е неверојатно дека сето ова го добиваме во уред што тежи само 489 грама.

Прашањето од насловот веќе повеќе пати го одговоривме: Најефтиниот iPad Air во Македонија можете да го купите во Ледиком, за цена од само 449 евра!

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.