x

Како да ги добиете новите позадини за iPhone на вашиот телефон

Категорија: Совети Објавено на 23 Септември, 2018 од GSM.mk

Новите модели iPhone Xs и iPhone XR доаѓаат со неколку забавни Live Photo позадини, како и позадини кои се соодветни со боите на новиот модел XR: бела, црна, корал, црвена, сина и жолта. Сите овие позадини можете да ги имате и на вашиот телефон.

9to5Mac ги смести сите овие позадини во еден фолдер и ги прикачи на Dropbox и WeTransfer. Откако ќе ги симнете, можете да ги користите за вашиот постар модел на iPhone, Android телефон или било каков уред и да поседувате.

Најлесниот начин да го направите тоа е да ги зачувате сликите во вашиот телефон и потоа да ги поставите како позадина преку апликацијата Gallery или пак директно од Settings.

Ако поседувате телефон кој не е од линијата на iPhone, или пак телефон кој не е соодветен со овие позадини, тие може да изгледаат малку чудно кога ќе ги поставите на почетниот екран. Но, овие позадини се забавни и вреди да се пробаат, ако ништо друго барем поради возбудата која ја предизвикуваат новите модели на iPhone.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.