x

Како да ги вратите избришаните слики од вашиот телефон?

Категорија: Совети Објавено на 30 Април, 2018 од GSM.mk

На секого може да му се случи случајно да избрише некоја слика од телефонот, но тоа не значи дека сѐ е загубено. Баш напротив, постои можност да ги вратите избришаните слики во вашиот телефон и тоа многу лесно.

Враќањето на сликата која сте ја избришале во оригиналниот фолдер каде се наоѓала е многу лесно, но едноставно треба да знаете што да направите во ваква ситуација, без да почнете да паничите дека сликата е изгубена засекогаш.

iOS

Доколку имате iPhone, задачата ќе ви биде многу полесна. Бидејќи девелоперите на iOS размислуваа на сите можни опции, размислија и што би се случило доколку случајно избришете некоја од сликите, па направија посебен фолдер каде одат сите избришани слики.

Одете во Photos и најдете го фолдерот Recently Deleted. Не е можно да го промашите бидејќи неговата икона е сива и има нацртано канта. Влезете во овој фолдер и најдете ја сликата која сте ја избришале по грешка и вратете ја на нејзиното место. Сликите во фолдерот Recently Deleted можат да стојат најмногу до еден месец, а покрај нив има одбројувач кој ви покажува уште колку долго може да стои сликата во овој фолдер.

Android

Android има два начини за враќање на избришаните слики. Првиот ја вклучува апликацијата Google Photos, која автоматски прави backup на сите слики во вашиот телефон. Ако случајно избришете некоја слика, само отворете ја оваа апликација и побарајте ја иконата која личи на хамбургер. Од таму, одете во Trash, па во Restore, и на крајот одберете ги сликите кои сакате да ги вратите во оригиналниот фолдер.

Во случај да имате избришано некоја слика без претходно да ја имате инсталирано Google Photos апликацијата, тогаш ја препорачуваме апликацијата DiskDigger Photo Recovery, чија единствена работа е да ги реставрира избришаните слики.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.