x

Како да го активирате тајниот Dark mode на Facebook Messenger?

Категорија: Совети Објавено на 09 Март, 2019 од GSM.mk

Сѐ уште нема официјална потврда од Facebook за Dark Mode опцијата, но откривме дека можете самите да ја активирате со помош на кратка, едноставна постапка.

Dark mode на Facebook Messenger може да биде активиран рачно, со внесување на емоџи од Месечината во прозорецот за разговор.

Отворете го било кој прозорец за разговор со вашите пријатели и испратете емоџи од Месечината. Испраќајте континуирано сѐ додека во прозорецот не се појави пораката „You’ve found dark mode!“. Под неа ќе се појави тастер со ознака „Turn on in Settings“, и со притискање на тој тастер корисникот ќе биде проследен во менито Settings во Facebook Messenger, каде ќе може да ја види опцијата Dark mode.

Покрај опцијата ќе биде достапен toggle тастер, за вклучување/исклучување на темната верзија на апликацијата. Откако ќе биде вклучен Dark mode, ќе се појави порака која вели дека Facebook и понатаму работи на оваа функција, па затоа темната верзија нема да биде видлива секаде во апликацијата.

Засега не е потврдено дали овој метод на активирање на Dark mode работи во сите земји и кај сите корисници, но сепак добро е да се знае дека можеме да ја очекуваме целосната верзија наскоро.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.