x

Како да го инсталирате новиот iOS 12?

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 22 Септември, 2018 од GSM.mk

Само неколку дена откако беа претставени новите модели на iPhone, Apple ќе ја претстави и новата верзија на нивниот оперативен систем – iOS 12. Новиот апдејт ќе донесе бројни измени, позначајни од оние кои беа претставени кај новите модели на iPhone.

Секоја година, традиционално, новиот апдејт на iOS пристигнува во 17:00 часот по македонско време, што значи дека апдејтот многу веројатно ќе биде достапен во моментот на читање.

Кога и да пристигне, новиот апдејт можете да го пронајдете со одење во апликацијата Settings и одбирање на опцијата General. Таму ќе го најдете менито за апдејт на менито, па со клик на него ќе почне симнувањето на новата верзија на iOS.

Ова ќе биде последен пат кога ќе мора да го направите апдејтирањето рачно. Откако ќе пристигне iOS 12, тој и новите оперативни системи на Apple ќе се апдејтуваат автоматски, а од вас ќе бараат само потврда пред да го направат апдејтот во часовите кога спиете.

Обично серверите на Apple имаат проблеми во првите неколку часа или првиот ден кога ќе излезе апдејтот, па подобро е да почекате барем еден ден пред да го инсталирате новиот апдејт. Во случај да заборавите на него, не грижете се, бидејќи Apple ќе ве потсети со нотификација за iOS 12.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.