x

Како да го извадите максимумот од вашиот iPhone?

Категорија: Совети Објавено на 30 Јуни, 2018 од GSM.mk

Вашиот iPhone може да ви помогне на многу повеќе начини отколку што мислите, само треба да ги откриете сите негови карактеристики и можности. Ако знаете да ги користите, телефонот ќе стане неопходна и корисна алатка во вашите раце.

За да ги најдете овие опции, треба да пристапите преку Settings -> General -> Accessibility.

Една од најкорисните можности е Invert Colors, која буквално ќе ги стави сите бои на телефонот во негатив. Оваа опција е многу корисна кога екранот на вашиот iPhone ви е премногу светол или пак кога сте на сонце, па не ги гледате боите најдобро. Таа се активира преку Invert Colors опцијата во подменито Display Accomodations.

Кога сме кај екранот, понекогаш текстот може да биде тежок за читање поради малиот фонт кој го користи Apple. Ако тоа ви претставува проблем, тогаш отидете во Larger Text опцијата и зголемете го фонтот. Доколку пак ви претставува проблем да видите некол детаљ на екранот, активирајте ја опцијата Zoom. За неа нема потреба да пристапувате до посебно мени, туку треба да искористите три прсти. Со тапкање на три прсти ќе го зумирате целиот екран, а со влечење на три прсти по екранот ќе зумирате во посебен дел од него.

За луѓето кои имаат проблеми со видот, нивниот iPhone може да служи како леќа за зголемување. Со опцијата Magnifier, вашата камера ќе биде претворена во леќа и ќе можете да ги прочитате дури и оние ситни букви на пакувањето на производот кој го држите во рака.

Секогаш кога ќе го затресете вашиот iPhone, тој ќе ве врати назад една постапка и ќе служи како копче Undo. Но, бидете внимателни бидејќи оваа опција може да биде многу чувствителна. За да ја вклучите или исклучите, одете во Accessibility Settings -> Shake to Undo.

За крај, тука е Siri. Можеби таа не е најдобриот асистент кој можете да го имате, но е повеќе од корисна околу едноставните задачи кои ќе ѝ ги зададете. Кога и да ви биде потребна помош, повикајте ја Siri и оставете ѝ да си ја врши работата.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.