x

Како да го отклучите телефонот ако сте ја заборавиле лозинката?

Категорија: Совети Објавено на 23 Октомври, 2018 од GSM.mk

Често ја заборавате лозинката за отклучување на мобилниот телефон? Без паника, не мора да го ресетирате телефонот.

Порано внесувавме шифра или ПИН код, а денес телефоните може да ги отклучиме со препознавање на лице и отпечаток на прст.

Сепак, многу лесно може да ја заборавите шифрата, односно лозинката, особено ако користите повеќе уреди истовремено.

За да не мора да го ресетирате телефонот и со тоа да изгубите важни податоци складирани внатре, сѐ што треба да направите е уште сега, како мерка на претпазливост, да ја инсталирате апликацијата Android Device Manager, а ако веќе ја имате, да ја активирате.

Преку PC или лаптоп внесете ја адресата https://www.google.com/android/devicemanager и вашиот мејл на Gmail и лозинката за електронската пошта.

Изберете ја опцијата Lock, внесете нова шифра/лозинка и повторно кликнете на Lock.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.