x

Како да го промените пребарувачот без да изгубите податоци?

Категорија: Совети Објавено на 03 Декември, 2017 од GSM.mk

Со излегувањето на новиот Firefox Quantum, многумина се решија дека токму тој е интернет-пребарувачот што го чекале толку долго. Ако и вие сакате да го промените пребарувачот, имаме неколку совети кои ќе ви помогнат да не ги изгубите податоците од стариот

За да ви ја олесниме работата, ќе ги поделиме овие совети во однос на пребарувачот на кој сакате да се префрлите.

Промена во Google Chrome

Отворете ја опцијата Chrome Settings од менито и кликнете на Import bookmarks and settings, за потоа да можете да одберете од кој пребарувач сакате да пренесете податоци. Посебно признание заслужува Firefox, бидејќи ви дозволува комплетно да се „преселите“ на Chrome.

Опциите за Internet Explorer, Microsoft Edge и Safari ви се ограничени, бидејќи ви дозволуваат да префрлите само bookmarks.

Ако користите Opera, ќе морате рачно да ги префрлите сите bookmarks. Најпрво, одете во Menu на Opera, стиснете на Bookmarks, па на Export Bookmarks, за потоа да се префрлите на Chrome и да одберете Bookmarks HTML File.

Промена во Opera

Пронајдете ја опцијата Import bookmarks and settings, која се наоѓа во менито Settings, во подменито Basic. Ќе ви се отвори прозорче во кое ќе може да одберете пребарувач од кој сакате да ги префрлите податоците. Chrome и Firefox ќе ви дозволат да ги префрлите сите податоци, заедно со нагодувањата, додека од Safari, Microsoft Edge и Internet Explorer ќе можете да преземете само bookmarks.

Промена во Microsoft Edge

Примамливиот изглед на новиот Microsoft Edge може да испровоцира да почнете да го користите токму овој пребарувач. За да ги префрлите податоците од другите пребарувачи, треба да отидете во мените со апликации, да одберете Settings, и потоа Import from another browser. Тука ќе го најдете прозорчето со три опции, од која ќе треба да ја одберете онаа која ви одговара.

Промена во Firefox

Новиот Firefox Quantum има многу предности, а доколку сакате да се префрлите на користење на пребарувачот на Mozilla, а за да го направите промената полесна, ќе треба да отидете во менито, во опцијата Library, потоа во Bookmarks, па во Show All Bookmarks. На врвот на новото прозорче, одберете Import and Backup, и потоа Import Data from Another Browser.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.