x

Како да го заштитите лаптопот од сајбер шпиунажа?

Категорија: Занимливости Објавено на 06 Ноември, 2017 од GSM.mk

Сѐ почесто се зборува за тоа како различни компании, социјални мрежи и интернет сајтови буквално нѐ шпиунираат на најразлични начини.

Производителот на телефони OnePlus неодамна јавно призна дека ги шпиунира своите корисници.

Токму од тие причини, деновиве стана популарен твитот на еден познат програмер и успешен основач на стартап акцелератор, Крис Олсон, во кој тој советува како да го заштитите вашиот лаптоп од сајбер шпиунажа.

  • Покријте ја камерата на лаптопот со селотејп или налепница кога не ја користите
  • Покријте го микрофонот на лаптопот со селотејп или налепница кога не го користите
  • Користете VPN!

Познато е дека разни организации и поединци имаат алати и софтвери со кои се во можностс да ве прислушуваат што правите, искористувајќи ги Google Now, Google Assistant, Siri, Cortana и други гласовни или помалку интелигентни сервиси и е-асистенти и на тој начин собираат податоци за вас и луѓето во вашето опкружување.

Колку сте вие внимателни на интернет и дали знаете да се заштитите од кражба на податоци? Проверете ТУКА.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.