x

Како да имате два Viber профили на истиот телефон?

Категорија: Совети Објавено на 08 Јули, 2018 од GSM.mk

Ако немате некој од новите смартфони кои овозможуваат да имате повеќе профили на истата апликација (клонирање на апликацијата), тогаш веројатно сте во потрага по решение кое ќе ви дозволи да го користите Viber со два профили на истиот телефон.

Viber е посебен поради тоа што во некои случаи постои можност да не работи клонирањето на апликацијата, односно апликацијата да не може да биде клонирана (вакви примери се наоѓаат кај новите Honor, Huawei и други уреди). Доколку тоа е случајот и на вашиот смартфон не плашете се, бидејќи постои решение.

Апликацијата Viber има свои причини поради кои не дозволува да се користи истовремено на два профили од истиот уред. Тоа е оневозможено дури и на некои смартфони кои имаат поддршка за две SIM картички и опција за „близнак“ на апликацијата во телефонот. Сепак, ниту тоа не е пречка за некои луѓе кои сакаат да користат два профили на Viber од истиот уред.

Едно од популарните решенија е користење на дополнителна апликација, која ќе овозможи користење на посебен виртуелен простор во кој ќе биде инсталирана Viber апликацијата за таа да не биде во судир со веќе постоечката апликација во телефонот. Апликацијата за која зборуваме се нарекува Parallel Space и неа ја имаат инсталирано преку 100 милиони луѓе од целиот свет. Таа е достапна само за Android.

Кога ќе ја инсталирате апликацијата, одберете ja Viber од мените за двојни апликации, внесете го новиот број кој го имате на Dual SIM картичката или пак кој е активен во тој момент за да го примите бројот за активирање на профилот, и тоа е тоа.

Единствениот проблем е тоа што Parallel Space мора да остане активна во позадина, што значи дека ќе користи дополнително повеќе интернет и батерија, но не до тоа ниво за да му претставува проблем на вашиот телефон.

Истата оваа апликација овозможува користење на двојни профили на повеќе апликации, како што се: Messenger, Facebook, Telegram, YouTube, WhatsApp, Chrome, Twitter и сите останати поддржани уреди кои ги пишува на листата од самата апликација.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.