x

Како да исклучите Face ID на iPhone?

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 27 Јануари, 2020 од GSM.mk

Face ID е брз и сигурен начин за отклучување на вашиот iPhone, но што може да направите доколку некогаш посакате да ја исклучите оваа опција?

За среќа, постои лесен начин. 

Се што е потребно за привремено да се исклучи Face ID е истовремено да го држите Power копчето (на десна страна) и едно од копчињата за звук (на левата страна). Потоа, ќе се појави Power Off/SOS екран и дури и да го исклучите, следен пат кога ќе треба да го отклучите вашиот смартфон ќе треба да внесете лозинка, наместо Face ID. 

1. Squeeze the power button and one of the volume keys for a few seconds. 2. The Power Off/SOS screen appears. 3. Even if you hit cancel, Face ID is temporarily disabled and you need to manually input your passcode to unlock your iPhone - How to quickly disable Face ID and force iPhone to require passcode

Откако телефон ќе се заклучи и ќе го отклучите со пишување на лозинка, следен пат кога повторно ќе се заклучи ќе мора да го отклучите со Face ID. Отклучувањето со лозинка е само привремена опција. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.