x

Како да ја играте Fortnite на вашиот смартфон со Android?

Категорија: Забава Објавено на 16 Октомври, 2018 од GSM.mk

На почетокот на оваа година популарната онлајн видео игра „Fortnite“ беше достапна само за корисниците на Samsung. Чекањето сега е завршено и „Fortnite“ е достапна за (скоро) сите телефони со Android.

Оваа недела компанијата Epic Games ја направи „Fortnite“ достапна за широката публика.

Претходно корисниците на смартфони со Android оперативен систем кои не се произведени од Samsung мораа да се пријавуваат на листа за чекање, па да добијат покана пред да можат да ја инсталираат апликацијата. Сега играта му е достапна на секој корисник чиј телефон ги има спецификациите потребни за играње на „Fortnite“: Android 8.0 или понов, минимум 3GB RAM и процесор од најновата производна линија.

За да ја инсталирате играта ќе мора најпрво да ја симнете инсталацијата Fortnite Installer од Epic. Оваа игра не можете да ја најдете на Google Play store, така што ова е единствениот начин да дојдете до неа. Можете да ја симнете на линкот тука.

„Fortnite“ за првпат се појави во 2017 година и оттогаш стана огромен хит кај публиката ширум светот. Оваа видео игра ја играат преку 130 милиони луѓе во светот и таа има преку 78 милиони корисници месечно.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.