x

Како да ја намалите потрошувачката на интернет на Android телефон?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 07 Септември, 2017 од GSM.mk

Сурфањето на интернет, гледањето видеа, часовите поминати на Facebook… сето ова го јаде интернет сообраќајот од вашиот пакет. Kои се начините да ја намалите потрошувачката?

Со правилен избор на апликации, Android може значително да ја намали потрошувачката на пренос на податоци. Ова се некои до апликациите кои ќе ви помогнат во тоа.

Opera Max

Opera Max e бесплатна апликација за виртуелни приватни мрежи (VPN) која ја намалува потрошувачката на преносот на податоци и до 50%. Кога некоја од вашите апликации ќе се поврзе на интернет, врската се пренасочува кон серверите на Opera, каде податоците се компресираат пред вашиот смартфон да ги преземе. На располагање ви се и низа опции за заштита на приватноста.

Opera и Opera Mini

Двата веб прелистувачи работат слично како и апликацијата за VPN на оваа компанија. Прелистувачите ги компресираат веб страниците, вклучувајќи ги фотографиите и видеата.

Facebook Lite

Главната Facebook апликација е позната како голем потрошувач на пренос на податоци. за среќа, можете да ја замените со полесна верзија, наменета за паметни телефони со послаби можности.

NetGuard

NetGuard ви дава целосен надзор над тоа која апликација се поврзува со интернет и кога.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.