x

Како да ја одберете вистинската маска за вашиот смартфон?

Категорија: Совети Објавено на 05 Април, 2018 од GSM.mk

Кога веќе ќе потрошите неколку илјади денари на нов смартфон, зошто да не одвоите уште малку пари за да купите и маска која ќе го заштити телефонот? Со избор на правилната маска ќе го заштитите телефонот од случајни незгоди, но и од самите себе.

Новите смартфони се сѐ поцврсти, но тоа не значи дека се неуништливи. Ако сакате навистина да се уверите која е границата на кршливост на вашиот телефон, тогаш побарајте некој од тестовите за издржливост на YouTube и ќе се уверите дека ви е потребна маска.

Најголем избор на маски имате во Ledikom Mobile Store - клик за детали!

Најпрво, многу е важно да се информирате и да го проучите пазарот на маски. За да ја одберете вистинската, важно е да знаете кои се понудените опции. Дури и да изгледаат исто, две маски можат да бидат многу различни една од друга. Проверете дали ви се допаѓа тврдоста на маската, посебно во пределот кај копчињата за звук. Исто така многу важно е правилните делови од маската да бидат добро исечени, за да не ви сметаат на екранот, камерата или звучникот.

Колкава заштита ви е потребна?

Ако сте навикнати често да ви паѓа телефонот и знаете дека не сте многу внимателни, тогаш ќе ви биде потребна маска која нуди цврста заштита. Но, ако внимателно го чувате телефонот, тогаш нема потреба да трошите многу пари на заштитна маска, туку ќе ви биде потребна само едноставна маска која нуди минимална заштита.

Маски со максимална заштита

Маските со максимална заштита ја нудат најголемата заштита што може да се добие од маска за телефон, но тие се тешки и големи и може да ви направат проблеми кога ќе сакате да го ставите телефонот во џеб. Мора да се истакне дека заштитата која ја нудат е одлична, бидејќи скоро е невозможно телефонот да се лизне од раце, а дури и да се лизне, тешко дека нешто ќе го оштети. Но, поради заштитата на сите елементи може да направат проблем при притискањето на копчињата за звук, копчето за заклучување и екранот на допир.

Цврсти маски

Доколку ви е потребна само маска која ќе издржи пад, а не сакате таа да биде огромна и да го направи користењето на вашиот телефон потешко. Стандардно добра комбинација претставува маската која е обвиткана со поликарбонат и има внатрешен слој од нешто помеко, како на пример силикон, кој служи за да го апсорбира ударот. Голем дел од овие маски се потешки од обичната маска, но ги има во повеќе дизајни и бои, така што нема да претставува проблем да изберете некоја која прилега на вашите барања.

Обични, тенки маски

Маски со SWAROVSKI кристали - достапни во Ледиком - 077 677 677.

Понекогаш може да ви изгледа погрешно да го покриете убавиот дизајн на вашиот телефон со некоја маска, па затоа ако го вреднувате стилот повеќе од заштитата, тенките маски се вистинскиот избор за вас. Тие доаѓаат во повеќе варијанти, а најпопуларни и најевтини се силиконските маски. Овие едноделни маски можете да ги најдете во повеќе бои и дизајни, така што можете совршено да ги вклопите со вашиот стил.

Фолио маски

Фолио маските се одлични за бизнис-луѓе кои сакаат да изгледаат отмено, а истовремено да го заштитат нивниот телефон. Тие нудат целосна заштита на телефонот и екранот, иако не можат целосно да го заштитат кога е во прашање пад од висина, бидејќи имаат слаби точки на аглите од телефонот. Ако сте спремни да платите дополнително, можеби ќе најдете и добра замена за кожа, па маската ќе изгледа богато и елитно.

Бонус: Заштитна фолија за екран

Многу смартфони доаѓаат со заштитна фолија на екранот, но доколку тоа не е случај кај вашиот уред, тогаш најдобро е уште веднаш да доплатите за да добиете маска која ќе ви ја наместат во салонот каде го купувате телефонот. Ваквата фолија ќе влијае на чувствителноста на екранот, но ќе понуди заштита од гребнатини која ќе го сочува убавиот изглед на вашито телефон. Двете најдобри опции се оние најпопуларните: „стаклена“ маска и matte маска.

За најевтините фолии посетете ги Ledikom Mobile Store во нивната комплетно редизајнирана продавница!

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.