x

Како да конектирате PS4 DualShock или Xbox џојстик со iPhone или iPad уред?

Категорија: Совети Објавено на 07 Октомври, 2019 од GSM.mk

Со iOS 13, Apple воведе неколку нови функции особено корисни за гејмерите...

Еве што треба да направите за да го конектирате вашиот Xbox или PS4 DualShock џојстик со iPhone или iPad уред:

1. Држете го Xbox копчето во средината и уклучете го. Потоа, притиснете на Connect копчето на горниот дел и држете се додека логото не започне да трепка. На Sony DualShock 4, кликнете на PS копчето и на Share копчето на левиот дел истовремено.

2. На вашиот iPhone или iPad, одете во Settings > Bluetooth  > My devices и кликнете на листата каде ќе го забележите Xbox уредот. 

3. Тоа е се. На Xbox уредот логото ќе прекине да трепка и играта ќе биде подготвена, додека на DualShock 4 ќе се појави црвена линија на горниот дел. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.