x

Како да направите подобро селфи?

Категорија: Совети Објавено на 30 Ноември, 2016 од GSM.mk

Секојдневно по социјалните мрежи се појавуваат илјадници селфи фотки, но генерално сите имаат еден ист и фотографски не многу квалитетен изглед. Adorama, направи листа на шест работи што треба да се применуваат за уште подобри селфи фотки.

Ставете ги во контекст

Дајте им некаков контекст на фотографиите за да не бидат само обична нарцисоидна фотка од себеси. Потрудете се секогаш да имаат некаква приказна и некакво значење.

Внимавајте на композицијата

Правилото на третини е еден добар начин да научите правилно да кадрирате. Играјте со симетријата или нејзиниот недостаток за фотографиите да ги направите поинтересни и фотографски поиздржани.

Внимавајте на светлото

Со доброто светло можете да ги истакнете своите добри страни, но и да ги прикриете лошите. Внимавајте секогаш да има доволно светло, бидејќи темните фотографии изгледаат неатрактивно и често имаат премногу дигитален шум.

Внимавајте на сценографијата

Не е сеедно што е покрај вас или зад вас во кадарот. Може да изгледате чудно или смешно ако во позадина има нешто непристојно или несоодветно.

Користете апликации

Одредени апликации ќе ви помогнат да ги разубавите фотките и да ставите некој филтер што ќе додадат малку повеќе шарм на обичната фотка. Покрај Instagram има уште неколку квалитетни апликации кои ќе ви помогнат да направите одлични автопортрети.

Набавете опрема

Ако сте сериозно опседнати со тоа да ги имате најинтересните и најубавите селфи фотки купете широкоаголен објектив за смартфонот, инвестирајте во некаков статив или пак дополнително светло. Тоа сигурно ќе ги направи вашите селфи фотки далеку поинтересни.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.