x

Како да направите совршено селфи?

Категорија: Забава Објавено на 14 Февруари, 2018 од GSM.mk

Ако нема некој во близина да ви направи совршена фотка, не ви останува ништо друго освен да поработите на вашите вештини за правење селфи. Сега, може и да направите совршено селфи како блогерките кои ги следите на Instagram.

Токму тие ги споделуваат нивните тајни како во секоја ситуација може да направите фотка за паметење.

Внимавајте на аголот на фотографирање

Повеќето девојки и момци кои редовно прават селфи знаат која е им е „подобрата“ страна за фоткање и од кој агол изгледаат најдобро. Направете неколку фотки од различни агли и на ралично осветлување и откријте која е вашата најдобра поза и позиција. И вежбајте стабилност на раката.

Не мора да фатите сѐ

За добро селфи не мора да го опфатите целиот аутфит, најважно е да го истакнете она за кое го правите селфито – добра шминка, интересна фриура, нови патики, интересна марама...

Исчистете го огледалото

Откако ќе го најдете совршеното огледало погрижете се да биде чисто за вашите селфи предизвици. Џабе добрата поза и аутфит ако имате дамка или замаглен дел од огледалото.

Бидете креативни

Ок, не измисливме топла вода, но креативноста во правењето селфиња значи да го покажете својот карактер – одберете интересна позадина, имајте заштитна гримаса, фотнете се на необично место... и не се грижете колку лајкови ќе добиете.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.