x

Како да одблoкирате блoкиран телефон?

Категорија: Совети Објавено на 29 Ноември, 2016 од GSM.mk

Телефоните често имаат батерија која не можете да ја извадите самостојно. Тоа значи и дека нема да можете да ја извадите кога телефонот ќе се „замрзне" или блокира.

Во вакви случаи, на располагање ви е комбинација на копчиња која активира soft reset, односно ресетирање на телефонот без губење на податоците или бришење на апликациите и другите содржини во меморијата. За секој модел на телефон комбинациите се различни, но постојат само неколку шеми кои ќе ги наброиме за сите три најпопуларни платформи:

Како да одблокирате Android телефон:

- Држете го Power копчето десетина секунди и почекајте уредот да завибрира.

- Држете го Power копчето заедно со Volume Down копчето десетина секунди и почекајте уредот да завибрира. 

- Држете го Power копчето заедно со Volume Down копчето десетина секунди и почекајте уредот да завибрира. 

- Доколку ништо од ова не му помага на вашиот Android телефон, консултирајте се со упатството или онлајн, или обратете му се на производителот.

Како да одблокирате iPhone:

- Држете го копчето за заклучување на екранот и Home копчето, додека телефонот не завибрира и не се ресетира.

Како да одблокирате Windows Phone/10 телефон:

- Држете го Power копчето 15-тина секунди, додека телефонот не завибрира и не се ресетира.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.