x

Како да ослободите меморија на вашиот смартфон?

Категорија: Совети Објавено на 06 Август, 2018 од GSM.mk

Добро ви е познато дека големиот број апликации прават вашиот смартфон да работи побавно поради тоа што му е потребно повеќе време за да ги извршува основните задачи и команди.

За да го избегнете непотребното бавно работење на телефонот кое се појавува кога ќе има недостаток на слободна меморија, ќе ви претставиме неколку корисни трикови со кои можете да ослободите простор во вашиот уред.

Фотографии

Квалитетот на камерата, отворот на објективот и бројот на мегапиксели претставуваат три од главните критериуми во изборот на нов телефон. Со самото тоа фотографиите направени со мобилен телефон денеска се многу поквалитетни, појасни и почисти, но затоа зафаќаат повеќе меморија.

Кога се работи за заштеда на меморија преку фотографиите, тоа најлесно можете да го направите доколу користите HDR мод за фотографирање. Во тој случај, влезете во подесувањата и исклучете ја опцијата која овозможува зачувување на две верзии од истата слика (HDR и Normal).

Cloud

Најлесниот начин за ослободување на простор од вашиот уред е користењето на Cloud како екстерен хард диск. Употребата на Cloud систем овозможува креирање на бекап база на податоци а одредени Cloud апликации имаат и опција за автоматско синхронизирање на камерата со Cloud профилот.

На пазарот постојат огромен број Cloud апликации, но само неколку ви нудат целосна поддршка и врвно корисничко искуство. Google Drive е идеален поради тоа што креирањето на профил на оваа апликација е многу полесен бидејќи тој е синхронизиран со вашиот Google профил. Секако, постојат и останати апликации од кои би можеле да ја издвоиме OneDrive на Microsoft, која е сосем функционална Cloud алатка приспособена за сечиј телефон.

СМС

Ќе се изненадите кога ќе дознаете колку меморија од телефонот ви одземаат СМС пораките, посебно ако ги има многу на број и се чуваат подолго време. Одредени телефони имаат опција за автоматско бришење на пораките, што е исклучително корисен трик за ослободување на внатрешна меморија.

Апликации

Кога се работи за апликациите, советот е многу едноставен: избришете ги оние апликации и игри кои не ги користите. На тој начин брзо ќе се ослободите од меморија и ќе ја олесните работата на вашиот смартфон.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.