x

Како да поминувате помалку време на мобилниот телефон?

Категорија: Совети Објавено на 01 Декември, 2018 од GSM.mk

Колку и да е тежок животот без него, сепак мобилниот телефон станува зависност за сѐ поголем број луѓе – податоците велат дека секој трет човек има проблеми кога се соочува со одвикнување од смартфон зависноста.

Зошто смартфоните се толку заразни? Бидејќи се дизајнирани за да бидат такви. Тие се вашиот најверен помошник но и огромен непријател.

Компанијата Apple годинава ја презентираше опцијата Screen Time, која е специјално дизајнирана за да ви помогне околу смартфон зависноста. Таа покажува колку време корисникот поминува користејќи различни апликации во телефонот, па и колку вкупно време го користи телефонот секој ден.

Корисниците на Android имаат слична опција, која е наречена Digital Wellbeing. Главната разлика помеѓу двете апликации е тоа што кај iOS можете да го исклучите лимитот на користење преку само едно копче, додека кај Android тоа мора да се направи рачно, преку менито.

Ако сте дел од корисниците кои немаат телефони со фабрички вградена апликација за проверување на дигиталното здравје, ви ја предлагаме Siempo – апликација која намерно ќе го направи вашиот телефон погрд за да биде помалку допадлив, со што ќе имате помалку причини да го користите.


Некои одат дотаму што купуваат телефони кои се толку обратни од модерниот смартфон, што буквално немаат повеќе функции освен повици и СМС-пораки. Не ви го препорачуваме ова бидејќи сметаме дека секој од вас има доволно силен карактер за самиот да се откаже од прекумерното користење на смартфони.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.