x

Како да препознаете неоригинален полнач за iPhone?

Категорија: Совети Објавено на 08 Декември, 2016 од GSM.mk

Користењето на неофицијални полначи за било кој смартфон, како и за iPhone е многу ризично што се покажа и со голем број на несреќни случаи каде уредот експлодирал или се запалил, па затоа мора да внимавате кога купувате нов полнач.

Конкретно за полначот на iPhone, прво на што треба да обрнете внимание е налепницата со листата на спецификации и информации, местото на производство, капацитетот и сертификатите. Тука фалсификатите најчесто грешат наведувајќи податоци за Apple како заштитниот знак TM кој веќе не се користи и лесно може да се провери преку официјалниот сајт на компанијата.

Понатаму фалсификат полначите се препознаваат и по контактите кои се вклучуваат во струја, кои често се изработени од евтини материјали. Доколку ви треба нов полнач за iPhone, iPad или iPod може да купите и од надворешните партнери на Apple кои имаат дозвола и се одобрени.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.