x

Како да раскинете со вашиот смартфон?

Категорија: Совети Објавено на 12 Мај, 2018 од GSM.mk

Постојат голем број тактики кои можете да ги примените за да не си го губите времето „играјќи“ си со телефонот, но треба да ја одберете вистинската за таа да има ефект.

Најголемиот проблем не е во триковите, ниту пак во телефонот, туку во начинот на кој вашиот мозок ја прима информацијата дека му забранувате пристап до нешто.

Кетрин Прајс, автор на книгата „Како да раскинете со телефонот: 30-дневен план за враќање на животот во ваши раце“, вели дека наместо да го претставувате некористењето на смартфони како казна, третирајте го како награда. За да го направите тоа ќе ви треба голема доза на самоконтрола и трпение, но на крајот сигурно ќе ви се исплати.

„Ако речете дека ќе си купите телефон кој нема пристап до интернет, или пак си го ограничите времето на користење телефон на 40 минути во денот, тогаш му сигнализирате на мозокот дека нешто ви е забрането. Наместо тоа, проучете ги вашите навики и потреби за да одредите колку време можете да поминете БЕЗ смартфонот“, вели Прајс.

Кога ќе почнете да го сметате времето поминато без смартфон како награда за самите себе, тогаш ќе почнете да станувате свесни дека навистина сте одлучни да се откажете од прекумерното користење кое ви одзема премногу време.

Научните податоци велат дека ако посветите четири часа дневно на било што, со тек на време ќе станете добри во таа активност. Епа, ако посветувате четири часа дневно на смартфонот, тогаш ќе станете добри во користење на смарфтон (што и не е така тешко), но ќе немате доволно време за сите останати активности. Поради тоа, првиот чекор што треба да го направите е да не дозволите смартфонот да ви биде дистракција. Кога и да ви стане досадно, немојте да погледнувате кон смартфонот, туку наместо тоа пробајте некоја друга активност. Прочитајте книга или списание, играјте некоја друштвена игра, или пак едноставно прошетајте се.

За да си го олесните овој процес би било подобро доколку инсталирате некоја апликација која ќе ви покажува колкав дел од денот сте „закачени“ на телефонот, колку пати во денот го подигате за да видите нешто и слично. Најдобра од нив е Forest, која е достапна за iOS и Android.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.