x

Како да се заштитите од крадците на криптовалути?

Категорија: Совети Објавено на 30 Јануари, 2018 од GSM.mk

Растот вредноста на криптовалутите збогати многу луѓе, но и остави простор за да се појават повеќе хакери и измамници кои ја злоупотребуваат технологијата која стои зад нив.

Една од измамите на кои треба да внимавате во 2018 година е криптоџекинг (cryptojacking), што се случува кога некоја веб-страна или Wi-Fi мрежа ќе го „украде“ вашиот компјутер за да „копа“ биткоини во позадина. Само еден компјутер кој „копа“ не може да направи многу, но цела мрежа може брзо да се прошири преку интернет и набрзина да најде биткоини.

Иако звучи како нешто што не би можело да биде реалност, сепак криптоџекингот може сериозно да го оштети вашиот компјутер или смартфон. Овој штетен софтвер користи толку многу од перформансите на вашиот уред што може да го прегрее процесорот, или во најмала рака да го направи побавен поради тоа што некој хакер работи во позадина за да си најде биткоини за себе.

Но, сето тоа може да биде превентивно избегнато со тоа што ќе инсталирате софтвер кој ќе ви помогне да не „закачите“ штетен софтвер за криптоџекинг.

Засега најдобрата опција е користење на ad blocker на пребарувачот Opera. На почетокот на овој месец Opera го претстави апдејтот кој го доби нивниот ad blocker кој отсега ќе може да блокира штетен софтвер кој го напаѓа уредот со цел да „копа“ криптовалути.

Доколку не сакате да се префрлите на Opera, постојат и неофицијални софтвери кои ја имаат истата функција за Chrome и Firefox. Некои од нив се Mining Blocker и NoMiner, но сепак, најефикасната заштита ви ја пружа Opera.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.