x

Како да се заштитите од најчестите ризици на бесплатните Wi-Fi мрежи?

Категорија: Совети Објавено на 09 Септември, 2017 од GSM.mk

Бесплатните Wi-Fi мрежи може да бидат одличен начин да ги намалите сметките за интернет или да пристапите онлајн кога сте во движење и немате интернет на вашиот смартфон, но цената што ќе ја платите може да биде поголема од заштедените пари или мегабајти.

Исклучете Wi-Fi кога не го користите

Со исклучување на безжичната мрежа сте решиле три работи: ја заштедувате батеријата на вашиот смартфон, го елиминирате ризикот да се „закачите“ на лажна мрежа и ќе се поштедите од лавина напорни рекламни e-mail пораки. Дополнително ниво на одбрана е екстензијата DoNotTrackMe што го блокира пристапот на бројни страници и услуги до вашата моментална локација.

Не дозволувајте вашиот уред да ја запамти бесплатната мрежа

Повеќето смартфони автоматски ја памтат хотспот мрежата од шопинг центарот или аеродромот во кој сте биле претходно и сте користеле безжичен интернет. Хакерите може да ја клонираат таа мрежа и да го „уловат“ вашиот уред кога ќе се обидете да се приклучите на легитимниот хотспот. Цената на ова? Вашиот идентитет, пари и лични податоци.

Внимавајте на името на мрежата

Хакерите многу често користат имиња на мрежи што се многу слични со оригиналната. Единствената разлика е што автентичниот хотспот ќе ви побара некаква верификација, а лажниот ќе биде бесплатен и слободен. Следниот пат кога ќе сакате да се приклучите на хотспот, прашајте го келнерот или сопственикот на локалот како е точно името на мрежата.

Инсталирајте антивирус

Ова е многу важно, а сепак често занемарено правило: секогаш имајте ажуриран антивирусен софтвер. Има стотици начини некој да ви го „хакне“ вашиот уред, а ваша задача е да бидете во тек и да се зашитите себе, вашите уреди и податоци.

Користете мрежи што бараат пристапување на две нивоа

Мрежата што не бара лозинка или не ви праќа порака со потврда најчесто е лажна. За да останете безбедни, бирајте хотспот што пред да ве поврзе на безжичната мрежа ќе ви прати СМС порака. Тоа ве штити и вас и мрежата од криминалци кои прават опасни дупликати на бесплатните Wi-Fi мрежи.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.