x

Како да си го вратите украдениот телефон?

Категорија: Совети Објавено на 05 Декември, 2016 од GSM.mk

Android Device Manager е вешта апликација која ќе ви помогне да го најдете вашиот изгубен или украден телефон. Оваа приказна е одличен пример кој ќе ве убеди зашто треба да користите ADM...

Приказната е напишана од Android корисник кој објаснил како телефонот бил украден и вратен за кратко време, благодарение на ADM. Станува збор за девојка чиј телефон, Nexus 6P, бил украден во автобус. Уредот имал скенер за отпечатоци и пин код, но сепак во него се наоѓале персонални информации, како и пинови за кредитни картички. Тоа значи дека крадецот имал пристап до нејзината банкарска сметка, број од социјално осигурување и други персонални информации.

Целосно избезумена, на девојката и текнало дека може да ја искористи ADM апликацијата за да ја  најде локацијата на својот украден телефон. Наоѓајќи ја локацијата преку нејзиниот компјутер, таа дознала дека телефон се наоѓа на само 20 минути од неа. Откако побарала превоз од свој пријател и стигнала до местото, сфатила дека крадецот бил испаничено 16-годишно дете. Детето било исплашено од "Android Device Located" зборовите кои постојано трепкале на екранот.

За среќа, во оваа приказна станува збор за избезумено 16-годишно дете, а не професионален крадец. Затоа, во ваква ситуација најдобро е да повикате полиција.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.