x

Како да вклучите Swipe Typing на iOS 13

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 01 Октомври, 2019 од GSM.mk

Со iOS 13, Apple претстави неколку интересни и нови функции. Една од нив е во однос на тастатурата и начинот на пишување...

Дури со  iOS 8 Apple дозволи поврзување на други тастатури со Apple уредите. И покрај тоа, голем дел од корсниците сепак ја преферираат оригиналната iOS тастатура.

Сега, со iOS 13, компанијата додаде уште една нова функција наречена Swipe Typing. Со неа, наместо класичниот начин на пишување се што треба е да "лизгате" со прстот низ тастатурата. На овој начин е возможно пишување на зборови кои најчесто ги користите и уредот може да ги препознае.

За да ја активирате, одете во Settings -> General -> Keyboard. Од тука, “Slide to Type” алатката ќе ја најдете на долниот дел и ќе може да ја вклучите.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.