x

Како да закажете испраќање мејл на Gmail

Категорија: Совети Објавено на 11 Мај, 2019 од GSM.mk

Претходно закажувањето на мејлови беше возможно само преку надворешна алатка која со инсталира дополнително, но подновениот Gmail има вградено нова напредна опција.

Претходно, доколку сакавте да закажете испраќање на мејл требаше да поминете низ цел еден долг процес на инсталирање дополнителен софтвер, учење на неговиот интерфејс и конечно закажување на мејлот. Сега е многу поедноставно.

Оваа алатка на Gmail е многу едноставна за користење и има повеќе намени кога се работи за закажување на работни задачи и испраќање на пораки. Понекогаш имате потреба да известите некој што живее во друга временска зона за вашата работа, а некогаш пак ви е потребно да си закажете обврска или да се потсетите за нешто. Доколку е така – закажете мејл за во иднина.

За да закажете мејл преку десктоп верзијата на Gmail, следете ги доленаведените чекори

  • Отворете го полето за пишување на мејл
  • Кликнете на триаголникот што се наоѓа до копчето Send
  • Одберете едно од наведените времиња или пак кликнете на Pick date & time за да го закажете мејлот во точното време
  • Кликнете Schedule send

Процесот е буквално истиот и за мобилната апликација Gmail, со тоа што наместо копчето Send ќе треба да кликнете на трите мали точки во десниот горен агол за да го закажете точното време на закажување.

Доколку се одлучите да го откажете мејлот, ќе го пронајдете многу лесно. Новиот Gmail има посебен фолдер наречен Scheduled, каде што се наоѓаат сите закажани мејлови. Ако сакате да го откажете испраќањето, кликнете на копчето Cancel send.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.