x

Како ги подаруваме нашите лични податоци при користењето смартфон?

Категорија: Занимливости Објавено на 04 Јануари, 2018 од GSM.mk

Животот ни станува незамислив без користење смартфони и интернет, а неретко не знаеме какви сѐ опасности нѐ демнат и како ги изложуваме нашите лични податоци на луѓе и компании кои би можеле да ги злоупотребат.

Во светот на новите медиуми многу е важно да се балансира приватноста на интернет и користењето на личните податоци.

Довербата во новите технологии е од голема важност кога станува збор за грижата на корисници. Луѓето имаат различно ниво на доверба во различни поединци и компании кога треба да дадат согласност за прифаќање на условите за користење или споделување на личните податоци.

Експертите велат дека луѓето многу зборуваат за заштита на личните податоци и дискутираат за кампањи за кревање свест за наводна масовна злоупотреба на нашите пребарувања на интернет. Сепак, кога ќе дојде до кликање на опцијата „I accept“, повеќето луѓе ја имаат можноста да го контролираат расејувањето на нивните податоци, а не го прават тоа.

Повеќето луѓе не ја читаат содржината на „Terms and  conditions“, што е задолжително кога симнувате апликации или пристапувате до одредени сајтови и содржини онлајн.

Експертите велат дека секојпат кога го земате смартфонот во рака и го користите, компаниите на тој начин собираат еден куп податоци за вас. Повеќето од нас не знаат што навистина се случува и на какви „договори“ се согласуваме, велат тие.

Според едно истражување од мај годинава, 7 од 10 апликации за смартфон ги споделуваат вашите податоци со трета страна.

Мора да се крене свеста за тоа колку и што споделуваме на социјалните мрежи и на што се согласуваме кога споделуваме содржини или бараме пристап до нив.

Тука голема улога игра едукацијата на младите родители кои освен што треба да го заштитат пристапот на нивните деца до интернет содржини, треба и да ги научат што значи споделувањето лични податоци онлајн.

Бесплатната Android апликација Lumen Privacy Monitor го анализира интернет сообраќајот реализиран преку апликации и онлајн услуги на вашиот смартфон и ги детектира оние кои прибираат и расејуваат лични податоци на корисникот.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.