x

Како и зашто да го исклучите брзото полнење на вашиот смартфон?

Категорија: Совети Објавено на 25 Декември, 2018 од GSM.mk

Брзото полнење е една од најновите и најпопуларните технологии кои се појавија во последните неколку години. Иако станува збор за многу корисна опција, истовремено доаѓа со неколку негативни страни..

Пред брзото полнење, компании произведуваа полначи кои не дозволуваа преголем капацитет наеднаш при полнење на уредите. Ова беше направено со цел да се спречи потенцијалот ризик од оштетување на батеријата. 

Брзото полнење овозможува поголем, но лимитиран проток на напон преку новите полначи, со цел да овозможи пократок период на полнење и компаниите гарантираат дека не може да предизвика никаква штета на уредот. Сепак, постојаното користење на ваквата технологија дефинитивно не е во корист на долготрајноста на вашиот смартфон.

Затоа, наша препорака е да не го користите постојано.

1. Проверете ги Settings опциите на вашиот телефон

How and why to disable fast charging on your phone


Доколку имате Android уреди, одете во Settings -> Device Maintenance -> Battery. Потоа, кликнете на менито со три точки и Advanced Settings, каде може да го регулирате брзото полнење. Кај останатите уреди, истото може да го постигнете доколку пребарате "fast charging", "quick charge" или некоја слична фраза во Settings менито.

2. Користете обичен полнач

You shouldn't see such terms on a regular charger

Доколку телефонот го полните преку ноќ, или пак не ви се брза, најпаметно би било да најдете некој постар полнач и да го користите. На овој начин, сепак го заштетувате уредот.

3. Користете го вашиот компјутер или лаптоп

How and why to disable fast charging on your phone

На крај, доколку немате друга опција, користете го самото кабелот за полнење и приклучете го на компјутер, лаптоп или друг сличен уред. Ваквото полнење е дефинитивно најспоро, но сепак, кога не сте во брзање е одлична алтернатива. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.