x

Како Instagram одлучува што ќе гледате на почетниот екран?

Категорија: Занимливости Објавено на 05 Јуни, 2018 од GSM.mk

Досега, почетната страна на Instagram беше тотална мистерија, а сега од компанијата откриваат дека сите измени кои се случија во последните неколку години имаат смисла.

Во последните неколку месеци конечно Instagram го поправија проблемот и почнаа да ви ги покажуваат сликите од вашите најблиски први на почетниот екран.

Шефот на одделот за производи на Instagram, Џулијан Гутман, објасни дека постојат три главни фактори кои влијаат на одлуката за тоа што ќе ви покаже оваа социјална мрежа кога ќе се вклучите на почетниот екран: вашите интереси, скорешноста на објавата и врската која ја имате со оној кој ја поставил објавата. Вашите интереси се најважни бидејќи на Instagram му е најважно да ви понуди содржина која вас ќе ви биде интересна, потоа следува скорешноста на објавата, каде Instagram ги приоретизира поновите објави бидејќи сака цело време да ви нуди свежа содржина. Секако, не треба да се превиди врската која ја имате со објавувачот, бидејќи таа покажува колку во иднина ќе ви бидат важни објавите од истото место.

Колку почесто имате интеракција со некого на оваа социјална мрежа, толку се поголеми шансите дека Instagram ќе ги „истурка“ неговите објави повисоко на вашиот почетен екран, за полесно да ги пронајдете и да ги видите.

Instagram зема во предвид уште три, второстепени фактори: колку често ја користите апликацијата, следење и времетраење на користење. Првиот фактор му дава до знаење на Instagram што треба да ви покаже, бидејќи сака да ги видите најдобрите објави од последниот пат кога ја имате вклучено апликацијата. Вториот фактор помага за да се одреди застапеноста на објавите, односно Instagram одлучува колку објави ќе ви покаже од истиот профил во зависност од тоа колку профили следите. Третиот фактор одлучува кога ќе ви бидат покажани најдобрите објави и дали воопшто треба да ги видите помалку популарните објави.

Од компанијата понудија неколку одговори за начинот на кој се уредени објавите и начинот на кој корисниците ги гледаат нив. Тие објаснија дека нема ниту една скриена објава, туку апликацијата ви дозволува да ги видите сите објави, само треба да скролате подолго време.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.