x

Како изгледа видео целосно снимено со iPhone 7 Plus од страна на професионален фотографер?

Категорија: Занимливости Објавено на 17 Јули, 2017 од GSM.mk

Сите сме ги виделе видеата "целосно снимани со iPhone 7" кои компанијата ги постира на својата веб-страна. Но, тука имаме своеовлно снимено видео со уредот, благодарение на што би требало да е поинтересно и пореално...

Harshit Vora ја оставил својата професионална камера, го посетил националниот парк Yellowstone и решил целото искуство да го сними на својот iPhone 7 Plus. Со помош на апликацијата Filmic и неколку филтери, добил одлични резултати. 

Е сега, мали проблеми со фокусот, експозицијата и стабилноста може да се забележат во дел од снимките. Претпоставуваме дека тоа е така поради фактот што целото видео е снимано со раце, а и покрај тоа резулатите се импресивни. Што мислите вие? :)

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.