x

Како изреагира Tim Cook на грешката на Donald Trump?

Категорија: Забава Објавено на 16 Март, 2019 од GSM.mk

За време на официјална конкуренција, претстедателот на Америка, Donald Trump го нарече извршнот директор на Apple Tim Apple, наместо Tim Cook..

За почеток, Tim веројатно самото спомнување го сметал за комплимент, бидејќи покажува дека официјално стана главното лице на компанијата, што е голем успех, бидејќи да се биде следбеник на Steve Jobs е неверојатно тешко.

Се разбира, на почеток никој не знаеше како ќе изреагира Tim Cook на грешката на претседателот. При "инцидентот", Cook немаше никаков израз на неговото лице. Доколку го гледате видеото, веројатно ќе помислите дека тој можеби воопшто и не ја слушнал грешката на Trump.

Денес, дознавме неколку работи за Tim Cook - најпрво, тој дефинитвно ја слушнал грешката на претседателот и второ, дека има интересна смисла за хумор. Имено, директорот на својот официјален твитер профил го промени своето име во Tim Apple, заедно со логото на компанијата.

Од друга страна, Белата Куќа со цел да ја елиминира срамната грешка на претседателот успеа да го изманипулира неговиот говор. Со додавање на цртичка меѓу Tim и Apple, изгледа како Trump да го нарекол Cook по неговото име и истовремено како сопственик на Apple. Иако видеото потврдува дека Trump всушност го нарекува Tim Apple, во официјалниот говор стои како "Tim-Apple".

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.