x

Како ќе изгледа дизајнот на новиот Galaxy Z Flip 2?

Категорија: Занимливости Објавено на 28 Мај, 2020 од GSM.mk

Актуелниот смартфон на Samsung – Galaxy Z Flip е претставен во февруари, но тоа не ја спречи компанијата да размислува за наследникот и веќе го подготуваат дизајнот.

Според патентот, Galaxy Z Flip 2 ќе има 3 задни камери, што е чекор напред во однос на актуелниот модел со две камери на задната страна.

Патентот ги вклучува двата можни дизајна - Model A и Model B што зборува за тоа дека во Samsung сè уште не се знае дали камерите ќе бидат поставени вертикално или хоризонтално.

Оваа одлука директно ќе биде поврзана и на мини OLED екранот на надворешната страна. На моделот А екранот не се разликува од оној на актуелниот Galaxy Z Flip, додека во случајот со моделот Б, со вертикално поставените камери има место за поголем екран.

Секако, можно е дизајнерите да не искористат ниту еден од овие концепти бидејќи јужнокорејската компанија во моментот работи на дизајнот, па можеби ќе нè изненадат со сосема поинаков дизајн.

Samsung Galaxy Z Flip

Сепак, патентот ни дава замисла за тоа како би можел да изгледа новиот Galaxy Z Flip бидејќи сите со нетрпение ги очекуваат новите смартфони на Samsung. 

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.