x

Како ќе изгледа претстојниот смартфон OnePlus 9?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 18 Ноември, 2020 од GSM.mk

Рендерите кои се појавија на интернет ги откриваат некои од клучните карактеристики на смартфонот OnePlus 9.

OnePlus 9 ќе добие 6,55-инчен OLED екран и слична конфигурација на задните камери како оние на Note 20 уредите.

На рендерот се гледаат две поголеми задни камери, како и третата која е помала.

За моделот OnePlus се шпекулира дека ќе го користи процесорот Qualcomm Snapdragon 875 и ќе има фреквенција на освежување од 120 Hz.

Смартфонот најверојатно ќе биде претставен во март.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.