x

Како може да ги избришете глупите дифолтни апликации на iPhone?

Категорија: Совети Објавено на 15 Мај, 2017 од GSM.mk

Сите си имаме различни методи како си ги органиизраме апликациите на iPhone, ама има една работа која е заедничка за сите нас: желбата да ги избришеме оние глупите апликации кои не ги користиме, а Apple не ни дозволува да ги избришеме. На пример, Stocks...

Имаме добри вести. Конечно, откриена е тајната како да ги шутнеме од екранот.

Еве како да ги отстраните дифолтните апликации кои никогаш не ги употребувате или било која друга апликација која сакате да не биде видлива пред љубопитните очи:

  • Креирајте фолдер во кој ќе ги преместите сите апликации кои сакате да ги откачите
  • Отворете го овој фолдер со апликации, притиснете на апликацијата и држете додека не почнат сите да „играат”
  • Повлечете ја иконата од апликацијата во празната втора или трета страна од фолдерот
  • Без да го подигнете прстот од иконата на апликацијата, со другата рака притиснете на Home копчето и апликацијата ќе исчезне
  • Повторете го овој чекор за сите преостанати апликации од фолдерот кои сакате да ги снема

Да напоменеме неколку работи. Апликациите нема да бидат видливи, a сепак ќе можете да им пристапите преку Spotlight Search. Исто така, апликациите кои ќе ги скриете ќе се вратат во оригиналната позиција на екранот наредниот пат кога ќе го рестартирате вашиот iPhone. Проклети да сте iBooks!

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.