x

Како не треба да го чистите објективот од камерата?

Категорија: Совети Објавено на 18 Април, 2017 од GSM.mk

Без разлика дали за фотографирање користите мобилен телефон, едноставен или профи апарат, правилото секогаш е исто - никогаш не го чистете објективот или заштитното стакло од камерата триејќи го со првата ткаенина или маичка која ќе ви дојде до раце.

Тоа што дувате во објективот и не е некој проблем, правете го и понатаму, но проблемот настанува кога замагленото стакло се брише со било која ткаенина која не е чист памук.. Тогаш на површината на стаклото се создаваат микро гребнатинки, кои можат да наштетат на квалитетот на фотките и видеата.

Најдобро е да се користи микрофибер крпа, а ако објективот е многу нечист, употребете и посебна течност за чистење на објективи. Никако некое средство од „домашна хемија”.

Сите совети поврзани со чистење на објектив, погледнете ги во видеото.


Извор: Kajgana.com


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.