x

Како правилно да го користите интернетот на вашите паметни уреди?

Категорија: Совети Објавено на 04 Септември, 2018 од GSM.mk

Времето кога телефоните служеа само за разговори и СМС пораки, одамна заврши. Во последните неколку години паметните телефони се повеќе се користат за сурфање на интернет, па заради тоа и користењето на мобилен интернет од година во година се зголемува

Зголемено користење на мобилен интернет не е само резултат на технологијата и паметните мобилни телефони, туку и промена на навиките на корисниците и промена на содржината на веб сраниците и мобилните апликации.

Зависно од навиките за корисење на памети телефони и сурфање преку истиот, постојат корисници кои користат дури 100GB месечно, но има и такви на кои 1GB им е и повеќе од доволно. Ако зборуваме во бројки и мерни единици, 1GB содржи 1024 MB, додека 1 MB содржи 1024 KB.

Преку истражување и следење на трошењето на мобилниот интернет на паметните телефони, дојдовме до основни податоци и до информации за тоа како полесно да го контролирате користењето на мобилниот интернет.

Важно е да ги имате на ум сите можни варијации на мобилниот сообраќај кои зависат од количината на податоци. Имајте на ум дека мобилниот интернет подразбира примање и испраќање на фотографии, IM комуникација, користење на апликации, читање на вести, испраќање и примање на електронска пошта итн.

Научете ги основните варијации на интернет кои зависат од податоците во предмеморија (cached data).

- Отворањето на веб страница може да ви изгледа како мала потрошувачка на интернет, меѓутоа ако се задржите еден час на истата може да искористите најмалку 50 МB од вашиот интернет, затоа што денешните веб страници покрај текст содржат и мултимедијални содржини преку кој пренесуваат голем број на податоци.

- Со секое превземање на апликација од PlayStore или од AppStore трошите 5 MB од мобилниот интернет. Добрата работа е што и двете „продавници“ за апликации ја прикажуваат големината на апликацијата која во тој момент сакате да ја превземете, но и ви даваат предупредување ако апликацијата е многу голема, па затоа е најдобро превземањето да го правите кога ќе сте приклучени на WiFi мрежа.

- Апликацијата GoogleМaps користи 36MB по час, па најдобро решение е да користите слични апликации кои немаат потреба од интернет со предходно одберени мапи.

- Имајте на ум дека пренос на фотографија користи около 1MB податоци.

- Доколку поминувате повеќе време на вашиот Facebook профил за само 1 час трошите 80MB од вашиот мобилен интернет. Додека Instagram користи околу 720MB интернет за еден час и е една од апликациите кои трошат најмногу интернет.

Затоа ви даваме неколку совети што треба да ги имате на ум кога ги користите апликациите на вашите паметни уреди:

- Исклучете ги автоматските ажурирања на сите апликации се додека не се поврзете на WiFi мрежа.

- Во Settings/Data Usage во вашиот телефон, редовно проверувајте која апликација ви троши најмногу интернет

- Пред да ја отворите апликацијата You Tube, Settings/General одберете Limit mobile data usage а исклучете ја опцијата Autoplay

- Во апликацијата Facebook, во делот App Settings, внимавајте во Autoplay да ја имате уклучено опцијата Autoplay on WiFi only

- Кога користите Instagram, во Cellular Data Use, одберете ја опцијата Use less data

- Многу важна опција за контрола на трошење на интернет на вашиот телефон е делот во Settings/Cellular/Use cellular data for. Тука можете да одлучите кои апликации може да ги користите кога не сте на WiFi

- Доколку користите iCloud за сочувување на вашите податоци, внимателно одберете кои апликации и содржини ќе ги сочувате.

Ви посакуваме безгрижно сурфање!

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.