x

Како се покажа Nothing Phone (1) на тестот за издржливост?

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 10 Август, 2022 од GSM.mk

Еден од најинтересните телефони кои се појавија во последно време е Nothing Phone (1). Дојде време овој уред да се стави на тест за издржливост.

Популарниот YouTube канал JerryRigEverything го стави Nothing Phone (1) на неговиот неконвенционален тест за издржливост. Зак од гореспоменатиот канал, го подложи телефонот на неговите вообичаени тестови за гребење и горење на екранот, како и на главниот тест за свиткување.

Кога станува збор за гребнатини на екранот, сè е „нормално“. На екранот се прикажуваат гребнатини од шестото ниво на скалата на Мос, со подебели зарези на седмото ниво. Телефонот има Gorilla Glass заштита и на предната, и на задната страна, а тоа ги штити и камерите на уредот.

Дисплејот од 6,5 инчи има стапка на освежување од 120 Hz и е од типот OLED. По изложувањето на пламенот на запалката, екранот побелува, но се опоравува во најголема мера.

За време на најинтересниот дел од тестот, свиткување со раце, Nothing Phone (1) се покажа како издржлив. Сепак, постои страв дека уредот може да се скрши под поголем притисок, особено во областа каде што се наоѓаат антените.

Во секој случај, Nothing Phone (1) се покажа, иако има потенцијал за подобрување. Се очекува компанијата Nothing да направи соодветни подобрувања во следните верзии на својот уред.




Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.