x

Како шефовите на Facebook и Amazon осиромашија преку ноќ?

Категорија: Занимливости Објавено на 04 Декември, 2017 од GSM.mk

Мултимилијардерите кои стојат зад најуспешните IT компании како Facebook, Amazon и Alphabet деновиве се во шок и длабока тага.

Причината е најголемиот пад во еден ден на индексот на Nasdaq, кога вредноста на акциите на технолошките компании нагло опадна и инвеститорите се свртија кон банките.

Овој најголем пад во изминативе три месеци најмногу го почувствуваа најбогатите луѓе во IT индустријата. IT гигантите изгубија околу 7,6 милијарди долари од нивното богатство.

Изненадниот пад се случи по исклучително успешниот Црн петок по кој сопственикот на Amazon Џеф Безос стана најбогатиот човек на планетата. За жал, неговиот богаташки рекорд беше со краток век. Неговото богататсво се намали за 2,5 милијарди долари, па му останаа „бедни“ 97,5 милијарди долари.
Падот дефинитивно најтешко го погоди Марк Закерберг. Неговото салдо е намалено за 2,9 милијарди долари. Тука некаде се и сопствениците на Alphabet Сергеј Брин и Лари Пејџ кој изгубија по една милијарда, а шефот на Netflix изгуби „смешна“ сума од 133 милиони долари.

Како падна вредноста на најуспешните IT компании преку ноќ?

Причините имаат политичка заднина. Републиканците во САД сакаат да донесат закон што ќе го смени данокот за акции на технолошки компании. Моментално изнесува 18,5%, а се очекува значителна промена, што влијаеше на шпекулативните активности на берзата.

И додека Amazon, по успешниот Црн петок, со нетрпение го очекува божикното шопинг лудило, другите во оваа група немаат многу причини за оптимизам.

Google се соочува со бројни судски парници од кои би можело да изгуби 10 пати повеќе пари од овој берзански пад.

Марк Закерберг исто така не може да здивне од постојани напади од конкуренцијата.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.