x

Како употребата на паметните телефони влијае на дебелеењето кај децата?

Категорија: Занимливости Објавено на 01 Декември, 2017 од GSM.mk

Постои цврста врска меѓу дебелината кај децата и гледање во екран подолго од 90 минути дневно, се тврди во ново истражување.

Според оваа студија, децата од две години гледаат во екран најмалку еден час дневно и до возраст од девет години стигнуваат до 7,25 часа поминати на екран секојдневно.

Научниците тврдат дека токму тоа доведува и до зголемувањето на телесната тежина кај децата, бидејќи тоа подразбира неактивност и најчесто консумирање на таканаречена брза храна.

Тие истакнуваат дека родителите треба да ги променат не само навиките во исхраната, туку и навиките во користење на современата технологија, пред се да внимаваат на времето кога децата  ги користат.

На пример, телевизор, не смее никако да се наоѓа во детска соба и мора да биде исклучен за време на јадење и учење.

Родителите треба да ги охрабрат децата да ги исклуча телевизoрите кога се одмараат.

Како пример за нив, родителите би требало и тие сами да го редуцираат времето поминато зад екрани и да не ја користат телевизијата како начин за чување и смирување на децата.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.