x

Како вашиот смартфон може да ве шпионира?

Категорија: Совети Објавено на 20 Ноември, 2016 од GSM.mk

Апликациите развиена во лабораторијата на Kindsight покажа колку е едноставно од паметниот телефон да се направи вистински таен агент или врвен шпион.

Апликациите и податоците што тие ги црпат од вашиот телефон и ги праќаат на серверите на своите автори, веќе подолго време се тема на дискусии за тоа дали ја загрозуваат приватноста. Од компанија која се бави со безбедносни решенија, се појави апликација што може да го претвори вашиот паметен телефон во вистински шпион.

Лабораторијата задолжена за безбедност во Kindsight направи апликација и докажа дека таа работи, односно ја регистрира корисничката лозинка, ги пресретнува пораките, може да ги снима разговорите и самостојно снима фотографии.

Како што пишува TechHive, апликацијата DroidWhisper може да се сокрие во било која апликација за Android и да работи во позадина секогаш кога паметниот телефон не вклучен.

По инсталацијата, DroidWhisper добива упатства од главниот сервер или преку интернет или преку СМС. Сите собрани податоци се праќаат на главниот сервер, каде што се складираат податоците од сите заразени паметни уреди.

„Паметните телефони се одлична платформа за лансирање на напад од внатре на некоја корпоративна или владина мрежа“ - истакна шефот на лабораторијата, Кевин Мекнами, појаснувајќи дека со помош на апликацијата, паметните телефони стануваат многу моќна платформа за шпионирање.

Тој објаснува дека заразениот уред може да се користи и за барање на слабост во безбедноста, на пример преку Wi-Fi мрежата на која корисникот се поврзува.

Оваа апликација не е достапна на јавноста, но покажува дека корисниците во иднина ќе мора да бидат многу внимателни при преземањето и инсталирањето апликации, како и дека ќе мора да читаат внимателно какви овластувања му даваат на софтверот што го инсталираат.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.