x

Како веднаш да го инсталирате iOS 11?

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 29 Јуни, 2017 од GSM.mk

Јавната бета на iOS 11 оперативниот систем конечно е достапна за сите. Во продолжение, инструкции како да ја инсталирате.

Доколку користите iPhone, iPad или iPod, веројатно сте нестрпливи да ѕирнете што сè добро и лошо ќе донесе iOS 11,  кој беше претставен на почетокот на месецов. Ќе можете да го направите тоа, доколку користите некој од следниве уреди:

- iPhone 5S, 6, 6 Plus, 6S, 6S Plus, SE, 7 и 7 Plus
- iPad Air и Air 2, iPad Mini 2, 3 и 4, петтата генерација на iPad  и сите iPad Pro уреди
- Шестата генерација на iPod уредите

Потребно е да отидете на beta.apple.com, да регистрирате профил, да го внесете својот Apple ID и да се регистрирате за бета програмата. Потоа, на уредот во Settings > General > Software Update би требало да ја здогледате iOS 11 инсталацијата, доколку сè поминало како што треба.


Инсталирајте го софтверот регуларно, како кога инсталирате понова верзија, претходно бекапирајќи ги важните работи во iCloud или преку бекап на компјутер.

Според коментарите за првата јавна бета на iOS 11, поголеми пропусти и багови нема.

Извор:

kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.