x

Камера од 108 мегапиксели? Никој не знае за што служи, ама ќе ја има дури на четири телефони

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 07 Септември, 2019 од GSM.mk

Xiaomi подготвува дури четири различни смартфони со сензорот ISOCELL Bright HMX на Samsung од 108 мегапиксели.

Samsung го разви својот нов сензор со рекорден број на мегапиксели во соработка со кинеската компанија и сега соработката ќе биде дополнително зацврстена со претставувањето на смартфоните кои ќе го користат тој сензор.

Xiaomi наводно работи дури на четири смартфони во кои ќе се најде камера со новиот сензор од 108 мегапиксели, пренесува порталот XDA Developers.

Докази за постоењето на новите мобилни уреди има во MIUI Gallery App на Xiaomi која неодамна доби поддршка за прикажување на фотографии од 108 мегапиксели во целосна резолуција.

Самата апликација ги наведува уредите под имињата Tucana, Draco, Umi и Cmi. Најверојатно станува збор за уреди што на пазарот ќе се појават под брендот Xiaomi и/или Redmi.

Сепак се чини дека ниту еден од овие четири уреди нема да биде Mi Mix 4, за кој веќе подолго време се смета дека ќе биде првиот смартфон со камера што ќе користи сензор од 108 мегапиксели.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.